Манчестер сити вечерва на свој терен го победи Реал Мадрид со 4:0 во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите.
Резултатот го отвори играчот од средниот ред Бернардо Силва во 23. минута. Во 37. минута Португалецот постигна втор гол.
Во вториот дел, во 73. минута, дефанзивецот на Реал Мадрид, Едер Милитао си постигна автогол. Во 90+1. минута точка на мечот стави Џулијан Алварез.
Така, Манчестер сити стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде ќе игра со Интер, кој претходно го победи Милан со вкупни 3:0.
Финалниот натпревар ќе се одигра во Истанбул на 10 јуни.
,OhridNews