Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд би можел да се пресели во Манчестер сити во следниот преоден рок.
Според „Bild“ Манчестер сити има предност пред шпанските фудбалски гиганти Реал И Барселона во борбата за 21-годишниот фудбалер. Мадриѓаните се подготвени да го купат Норвежанецот дури во летото 2023 година, а самиот Халанд дефинитивно има намера да ја напушти Борусија ова лето. Сити би можел да го ангажира играчот оваа година.
Во тековната сезона Норвежанецот постигна 23 гола и оствари пет асистенции на 20 натпревари за бундеслигашот од Дортмунд.
OhridNews