Голема бура се крена во европскиот фудбал, откако дванаесет клубови најавија формирање на Супер лига и заминување од натпреварувањата под капата на УЕФА. Клубовите кои го потврдија учеството наидоа на осуда од навивачите, кои пред стадионите ги палеа дресовите, знамињата и сите одбележја со логото од клубот.
Денеска, најлошо помина Челси. Клупскиот автобус кој ги превезуваше фудбалерите до стадионот беше застанат и едвај продолжи, бидејќи поддржувачите така го искажаа револтот за учество во Супер лигата. Експресно во англиските медиуми се појави информација дека Челси се повлекува од Супер лигата, а истиот пример ќе го следи Манчестер Сити и шпанскиот Атлетико Мадрид.
За вечерва, закажан е итен состанок на клубовите учесници во Супер лигата, по кој ќе се знае каков чекор ќе се преземе со оглед на лошиот фидбек кој го добија од навивачите.
ПОкрај овие три тима во Супер лигата учество најавија Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Тотенхем, Арсенал, Милан, Јувентус, Интер, Реал Мадрид и Барселона.
OhridNews