Манчестер јунајтед побара од својот фудбалер Пол Погба да не брза со одлуката за неговата иднина. Според „ESPN“, англискиот клуб му порачал на 28-годишниот фудбалер да го почека назначувањето на нов тренер.

Манчестер јунајтед се надева дека нивниот избор ќе помогне да се убеди Погба да потпише нов договор наместо да замине бесплатно на лето. Во исто време, се забележува дека францускиот играч за врска се уште не се одлучил за својот следен клуб.

Сега Погба е повреден, го повреди колкот на почетокот на ноември, додека беше на собир со француската репрезентација.

Неговото закрепнување сé уште трае, па играчот од средниот ред се уште не се врати на теренот.

OhridNews