Манчестер Јунајтед одбраната на титулата ќе ја започне на Олд Трафорд на 15 август против повратникот во Премиер лигата, Бирмингем.


Екипата на Алекс Фергусон првата пресметка со екипа од големата четврока ќе ја има на 19 август против Арсенал на “театарот на соништата“.

На 24 октомври ѓаволите ќе гостуваат на “Енфилд“ кај Ливерпул.

Челси е последниот тим од големите кој ќе игра против шампионот. Првиот натпревар на Анчелоти на клупата на “сините“ ќе биде на 15 август на “Стемфорд Бриџ“ против Хул.

ohridnews