И покрај слабите резултати последниве три сезони Манчестер Јунајтед бележи рекордни бројки на финансиски план надвор од теренот.
Англискиот премиерлигаш одамна ги помина границите на фудбалски клуб и преставува спортски бренд број еден во светот.
„Црвените ѓаволи“ се на добар пат да срушат нов рекорд во Англија остварувајќи профит од пола милијарда фунти за една полусезона.
Најголем прилив на финансиски средства клубот од Олд Трафорд има од комерцијални работи поврзани со екипата и ТВ правата кои вртоглаво растат од ден на ден.
Моментално, Манчестер Јунајтед се наоѓа на петтата позиција на табелата позади лидерот Лестер, Тотенхем, Арсенал и Манчестер Сити.
OhridNews