Црвените од Енфилд го добија првиот мега дуел во Англиската Премиер Лига.

Попладнево Ливерпул на домашен терен го совлада актуелниот англиски и европски првак Манчестер Јунајтед со 2-1.

Црвените Ѓаволи “на спиење“ ги фатија домаќините и во третата минута по одличното додвање на Бербатов, Тевез го отвори резултатот.

Домашните профитираа по несмасната интервенција на Едвин Ван дер Сар, по која Браун ја затресе сопствената мрежа.

Резултатскиот егал траеше се до 77 минута кога “работникот“ Маскерано ја искористи комотноста во одбраната на Манчестер, а Бабел со погодок го круниса додавањето на Кујт.

Ова беше прв триумф на Рафа Бенитез над сер Алекс Фергусон во нивната девета премиерлигашка пресметка.

М.П.