Бранителот на трофејот, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во финалето од Лигата на Шампиони кое на 27 март ќе се игра во Рим.
Во реванш полуфиналниот натпревар на “Емирати“ стадионот во Лондон “ѓаволите“ во целост го надиграа Арсенал и го совладаа со 3-1, севкупни 4-1.
Ѕвезда на вечерта беше најдобриот играч за 2008 година, Кристијано Роналдо кој погоди на два пати, додека Парк го искористи подарокот на трагичарот на мечот Гибс .
Ван Перси беше стрелец на почесниот гол за Арсенал од пенал. На погодокот му претходеше црвен картон за Дарен Флечер, кој ќе го пропушти финалето во Рим.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com