Манчестер на „Олд Трафорд“ има предност од 2-0 против Рома, а Барселона на свој терен со позитива од 1-0 го пречекува Шалке. Манчестер и Барселона се единствените две екипи што немаат пораз во ЛШ сезонава.
Манчестер повеќе од три години нема пораз на свој терен во ЛШ, а никогаш не бил елиминиран по победа во првиот меч на гости. За Манчестер ова е 14. учество во четврт-финалето и ќе се обиде по јубилеен 10. пат да влезе меѓу најдобрите четири екипи во Европа.
Барселона има само два пораза во 34 меча од ЛШ, кога по првиот меч на гости победил. Во досегашните 14 нокаут-дуели против бундеслигашите, Барселона има 9 триумфи и 4 порази. Шалке никогаш не играл во полуфиналето на елитното натпреварување.