По три неделна пауза се враќаат возбудавањата од Лигата на шампиони. На програмата е петото коло од групите Е, Ф, Г, и Х.  

Во групата Е актуелниот европски шампион Манчестер има тешка задача на гостувањето во Шпанија на „Ел Мадригал“ кај жолтата подморница. Ѓаволите на овој дуел не можат да сметаат на Бербатов и Ван дер Сар додека настапот на Кристиано Роналдо е неизвесен.
Данскиот претставник во ЛШ Алборг на домашен терен ќе ги пречека “детелините“ од Глазгов.

Табела:Манчестер 8 бодови, Виљареал 8, Селтик 2,  Алборг 2

Четирикратниот освојувач на Лигата на шампиони Баерн Минхен во петото коло ќе има „лесна“ задача против Стеауа, “баварците“ со победа на овој дуел ќе обезбедат пласман во 1/8 финалето. Неизвесно ќе е на „Артемио Франки“ каде “виолетовите“мораат да бркаат победа против екипата на Лион за да останат во игра за местата кои водат во понатамошната фаза.

Табела:Лион 8 бодови, Баерн М. 8, Фиорентина 3, Стеауа 1

Топчиите на „Емирати“ против Динамо Киев ќе се обидат да ја прекинат серијата лоши резултати. Во првиот тим на Арсенал се враќа Вилиам Галас кој паузираше во минатото коло од Премиер лигата.

Турскиот шампион Фенербахче на домашен терен го пречекува Порто .

Табела:Арсенал 8 бодови, Порто 6, Динамо К. 5, Фенербахче 2

“Кралевите“ од Мадрид ги очекува  тешко гостување кај секогаш незгодниот Бате Борисов, кој успеа да не е поразен во дуелите со старата дама и Зенит.

Актуелниот освујувач на Купот на Уефа, Зенит, неколку часа порано ќе ги одмери силите со италијанскиот Јувентус кој обезбеди пласман во 1/8 финалето.

Табела:Јувентус 10 бодови, Реал Мадрид 6, Зенит 4, БАТЕ 2

М.П.