Ерик Тен Хаг (52) повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед. Тој доби отказ по вчерашниот пораз од Вест Хем со 2:1 во деветтото коло од Премиер лигата. Јунајтед моментално е 14-ти на табелата, а во Лига Европа по три одиграни кола има три ремија. Со тимот привремено ќе раководи помошникот на Тен Хаг, Руд ван Нистелрој.
Холанѓанецот го презеде Јунајтед на 1 јули 2022 година и го водеше во 128 натпревари. Оствари 78 победи, 20 нерешени и 36 порази, со гол разлика 234:180. Освови еден лига куп и еден ФА куп.
Ќе остане запаметен по иритирачките изговори за неуспесите и неумесните одговори на критиките на Манчестер Јунајтед кои се крајно незадоволни од неговата работа во клубот. НаЈунајтед му претстои период на сериозна консолидација бидејќи во моментов тимот од „Олд трафорд“ е далеку од борбата за врвот во англиската Премиер лига.
OhridNews