Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го освоија ФА Купот откако во финалето попладнево на Вембли го совладаа градскиот ривал Манчестер Сити со 2:1 (2:0).
Јунајтед поведе во 30. минута преку Гарначо, а само девет минути подоцна предноста ја удвои Маину по уште една лоша реакција во одбраната на Сити.
Стрелец на единствениот гол за Сити беше Доку во 87. минута.
За Јунјатед ова е 13 трофеј во ФА купот, а прв од 2016 година.
OhridNews
Фото: Фејсбук/МИА