Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков професионалната кариера ќе ја продолжи во Бундес лигата односно во тимот на Вецлар.


Манасков со германскиот состав потпиша договор до крајот на сезоната и стави точка на шпекулациите околу неговата иднина.

Репрезентативното крило е втор ракометар по Филип Миркуловски, кој од Металург замина во Бундес лигата.

Соиграч на Манасков ќе биде ракометниот моцарт Иван Балиќ, кој најверојатно ја игра својата последна полусезона.

Ohridnews