Играчот на Металург и репрезентативец на Македонија, Дејан Манасков, во вторникот бил успешно опериран, информира клубот на својата интернет страница.

Врз Манасков била извршена операција на вкрстениот лигамент на левото колено, во Специјалната болница за ортопедија “Др Немец“ во Матули, во близина на Опатија, Хрватска.

Левото крило со повредата се здоби на последниот натпревар, во фазата про групи во Лигата на шампиони, против дански Силкеборг.

Поради оваа повреда Манасков веќе ја заврши сезоната и му престои рехабилитација од шест месеци. Извесно време Манасков ќе се рехабилитира во Хрватска, а потоа се враќа во Скопје.

Ohridnews