Левото крило Дејан Манасков е пред излезни врати од македонскиот ракометен првак Металург.


Манасков го загуби трпението со управата, која се уште не најде начин за излез од кризата во која западна клубот од почетокот на сезоната.

Репрезентативецот лесно ќе пронајде нов клуб бидејќи имаше брилијатни настапи за Македонија на Светското првенство во Катар.

Се шпекулира дека Манасков ќе продолжи во Вардар, но за сега нема никаква реакција од двете засегнати страни.

Покрај левото крило од Металург ќе заминат браќата Велко и Никола Маркоски, Ванчо Димовски и капитенот Наумче Мојсоски.

Мх.П.