Како репрезентативец во тоа време не бев оптеретен и свесен за вредноста на голот – потенцираше Пепи Манасков за погодок против Португалија во 1999 година вреден пласман на Европското првенство во Италија и додаде – Сега голот со кој ја одведов Македонија на ЕП за мене е вреден злато и секогаш е врежан во моето срце.

Манасков во богатата ракометна кариера постигнувал многу решавачки и круцијални голови, затоа не и потклекнал пред притисокот на мечот со Португалија во квалификациите за ЕП.

– На спортистите тоа им е работа да постигнуваат голови. Тогаш сум се нашол во таква ситуација јас да го постигнам решавачкиот гол и мило ми е што ја израдував македонската јавност – заврши Манасков.

Мх.П.