41-то издание на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2013“ ја собра цела ракомена фела од Македонија. Еден од нив беше Пепи Манасков, кој првиот настап на турнирот го запишал во далечната 1983 година.
– Со Струга ме врзуваат убави спомени бидејќи тука со 18 години дебитирав за сениорскиот тим на Пелистер. И тогаш како и сега се игра пред полни трибини и ова покажува дека Македонија го сака ракометот. Нас неопходни ни се уште вакви кавилитетни турнири за стекнување големо искуство на младите ракометари – рече Пепи Манасков.
Квалитетот на струшкиот турнир не изостанувал ни пред триесет години кога во Струга доаѓале екипи со европско реноме.
– Турнирот секогаш носел квалитетни имиња. Тука доаѓале европските шампиони Металопластика, Борац од Бања Лука, а доста време имаше турнирот стагнираше. Во последните две години на големо се враќа сјајот, а со учеството на Металург и Вардар турнирот во Струга доби нова димензија – посочи Манасков.
Мартин Манасков исто како и неговиот татко на турнирот во Струга дебитираше во „првата“ екипа, но во дресот на Металург.
– Истото ми случуваше и мене, така и Мартин тргна по моите стапки. Чиста случајност, но ете некогаш се поклопуваат коцките. Му посакувам успешна кариера и повеќе настапи во дресот на Металург сезонава и во иднина – заврши Манасков.
фото : „Емилио“
Мх.П.