Старо-новиот шампион во Купот на Македонија, Вардар ќе претрпи големи играчки промени по завршување на сезоната откако на излезни врати од клубот се Дејан Манасков и Игор Карачиќ.


Македонското репрезентативно крило го делат само детали од преселба во Рајн Некар Ловен додека Карачиќ се поврзува со трансфер во Веспрем тим кој сезонава го сруши сонот на „црвено црните“ за пласман на Ф4 во Лигата на Шампиони.

Вардар нема ни одблиску да изгледа како сезонава бидејќи своето заминување на средината од сезонава го најавија Алем Тоскиќ, Матијаж Брумен и Сергеј Горбок.

„Црвено црните“ веќе имаат обезбедено три засилувања во имињата на Јоан Кањелас, Иван Чупиќ и Бразилецот Рожерио Мораес Фереира.

OhridNews