Ракометната репрезентација во Гдањск нема време за плачење и мора сите мисли и сили да ги насочи кон новиот предизвик во квалификациите за Олимписките игри наречен Тунис.
По резултатите во првата рунда овој меч ќе решава за вториот патник на Олимписките игри кои ќе се одржат август годинава.
– Немаме право на грешка, а ќе немаме шанса ниту за поправен. Едноставно против Тунис мора да победиме и тоа е тоа. Сите мислиме на овој меч и треба да го добиеме за остварување на нашипт сон. – рече Дејан Манасков.
Поразот од Полска во лош натпревар сигурно ќе биде поттик за „црвено жолтите“ да го обелат образот и направат јаве сонот на сите спортисти и македонци.
Мечот со Тунис се игра во 18:30 часот.
OhridNews