Женската ракометна репрезентација Европсокото првенство во Србија го заврши на последното 16-то место. “Црвено жолтите“ и селекторот на репрезентацијата Гино Стрезовски најавуваа дека ќе ја остварат онаа победа која ќе не одведеше во втората фаза, но реалноста беше сосема спротивна. На трите меча во групата ракометарките претрпеа три порази и без победа се збогуваа од 10-то Европско првенство.


– На Европското првенство настапивме премногу оптимистички. Најавувавме една или две победи, но за жал тоа не се случи туку наспроти македонската селекција доживеа дебакл. Ова е лош предзнак и нека биде поука за во иднина како треба да се пристапи на едно големо натпреварување. Не сакам да навлегувам во анализа на тренажниот процес и изборот на ракометарките – рече легендата на ракометот во Македонија, Пепи Манасков.


На генералната проба пред почетокот на ЕП на турнирот во Украина, селекцијата на Македонија не успеа да совлада ни еден противник, а на континеталниот собир не помогна ни враќањето на Јулија Николиќ во составот.

Дека ќе биде лошо на Европското првенство наговестуваше  турнирот во Украина, која беше генерална проба за ЕП во Србија. Тоа и се потврди на дека селекцијата не е подготвена за вакво големо натпреварување и очајните  резултати беа неизбежни – истакна Манасков.


Незаменливата алка во македонската репрезентација во деведесетите години не го обвинува селекторот и ракометарките за лошите резултати туку сите заедно со Ракометната федерација во една целина.

– Селекторот и раководните луѓе на федерацијата треба да разгледаат што понатаму, да ги поправат грешки од ова Европско првенство за да не ни се случуваат вакви работи на понатамошните големи собири – заврши за “Ohridnews“ Манасков.

Мх.П.