Искусните голгетери Марио Манџукиќ и Едисон Кавани во зимскиот преоден рок се очекува да ги променат екипите и да започнат нова авантура во своите кариери.

Хрватскиот интернационалец не се најде во плановите од Маурицио Сари и мора да ја промени средината. Манџукиќ се одлучи да стави точка во Европа и среќата да ја проба во Катар. Манџукиќ е пред трансфер во клубот Ал Духал ,каде што настапува поранешниот соиграч од Јувентус, Менди Бенатија.

Уругваецот Едисон Кавани не е задоволен како се одвиваат настаните во Пари Сент Жермен, откако го загуби првотимскиот статус. Кавани е резервна опција во нападот, после Нејмар и Икарди. Уругваецот посакува поголема минута, а таа веројатно ќе ја пронајде во Атлетико Мадрид. Тренерот на „јорганиџиите“ во името на Кавани ќе добие солиден напаѓач кој максимално ќе го покрие отсуството на Диего Коста и Алваро Мората.

OhridNews