Екипата на Сан Антонио покажа интерес во своите редови да го доведе натурализираниот македонец Лестер Бо Мекејлеб.

Кочница во преговорите е високото обештетувањето кое го бара тимот на Мекејлеб, Сиена кое пак за НБА тимот е прголемо.

Сиена сака по секоја цена да профитира од Бо,а според медиумите Фенербахче и Уникс биле подготовени да го “покријат“ обештетувањето.

Лестер Бо Мекејлеб вниманието на европската јавност го сврте по успешниот настап во македонскиот дрес на ЕП во Литванија, а својата класа ја потврди и во мечевите на италијанскиот првак.

М.П.