Досега се мислеше дека луѓето преку ловењето значително помогнале во тоа да изумрат мамутите, но најновите сознанија упатуваат на недостатокот на храна поради глобалното затоплување кое настапило пред отприлика 20 илјади години.


Тим научници тврдат дека земјата се загреала и предизвикала пораст на шумските предели, што пак предизвикало глад кај големите тревојади како што се мамутите. Мамутите биле одлично заштитени од ладното време поради дебелината на крзното, но не успеале да се справат со недостатокот на храна.