Хрватскиот фудбал е погоден од скандалот со местење натпревари, во кој се вмешани високи функционери на фудбалската федерација и на клубовите.


По акцијата „Офсајд“, во која беа уапсени дваесетина фудбалери, на ред стигнаа и првите луѓе во фудбалот. Доказите што ги поседува германското обвинителство откриваат шокантни податоци.

Според нив, мафијата во обложувалниците, со помош на Здравко Мамиќ и судиската организација го наместила куп натпреварот меѓу Динамо и Хајдук во 2009. година.

За овој меч од азиските обложувалници биле подигнати 1,4 милиони евра, откако биле добиени доверливи информации за состојбата во Хајдук, но и откако бил делегиран судија што бил информиран за зделката.

Како што наведува весникот „Спортске новости“, истрагата понатаму се движи и кон ФК Задар и неговите фудбалери, по што ќе се знае дали ќе биде покрената нова акција.

Извор “Макфакс“
Ohridnews