Реагираат што во пописниот прашалник, спротивно на неговата првична верзија, е оневозможено декларирање по етничко потекло, и единствено е оставена можноста да се изјаснат како „Други“.
„Сметаме дека со ова е извршен прекршок на меѓународните и внатрешните норми против дискриминацијата, конкретно Законот против Дискриминација и Рамковната Конвенција на Советот за Европа за заштита на националните малцинства“, изјави Едмонд Темелко, претставник на македонското малцинство.
Поради ова, претставниците на малцинствата побараа од албанските власти враќање на првичната верзија на пописниот прашалник, со кој беше предвидено слободно изразување на етничката припадност.
Покрај ова, претставниците на етничките малцинства во Албанија побараа и именување на нивни претставници во пописната комисија, учество на нивни претставници во пребројувачките групи, како и промена на Законот за матична служба, што ќе овозможи непречено впишување на етничката припадност на албанските граѓани во матичната евиденција.
Претставниците на малцинствата порачаа дека само со организирање на правилен, точен, транспарентен и сеопфатен попис на населението ќе се испочитуваат малцинските права и слободи, загарантирани со албанскиот устав и меѓународните акти.
извор: Makfaks