Парламентот на Малта наскоро би требало да одлучи за новиот закон, кој ќе овозможи развод на браковите во оваа земја, во која досега тоа беше забрането. Во вториот круг од гласањето во парламентот гласале 44 од 69 пратеници за прифаќање на законот, а само 13 против, додека 12 биле воздржани. Малтешкиот премиер Леренс Гонзи гласал против законот со кој би се одобрил развод на браковите.


За законот треба уште да се расправа во парламентарниот одбор, така да сеуште се можни некои измени. На крајот на мај жителите на Малта на референдум со мнозинство од 53 проценти се изјасниле за воведување на можност за развод на браковите. Се очекува дека парламентот ќе го изгласа законот, иако владејачката партија е против истиот. Премиерот по објавувањето на резултатот од референдумот изјавил дека мора да се почитува волјата на народот.