Екипата на „Бел Мерцедес“ го освои третото место на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2023“.

Во малото финале, вечерва, „Бел Мерцедес“ убедливо ја совлада екипата на „Кафе бар 9“ со 8:2.

Екипата на „Бел Мерцедес“ го освои 3 место на турнирот во Велгошти. Фото: А. Момироска

Мечот беше решен уште во првото полувреме. Раположените играчи на „Бел Мерведес“ тргнаа фуриозно и за неполни десет минути поведоа со 4:0. До крајот на првиот дел мрежата на „Кафе бар 9“ се тресеше уште два пати.

Во второто полувреме „Кафе бар 9“ ја консолидира малку својата игра, но само да го ублажи поразот. На крајот „Бел Мерцедес“ славеше со 8:2.

Во големото финале на 18 издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2023“ се среќаваат „АСП ПАК“ и „Кафе  бар Лавадо“.

Г.М.
Фото: А. Момироски