Контролата која беше спроведена во соработка со инспекциски служби од министерствата за економија и за финансии, беше насочена, пред се, кон присуство на малолетни лица во угостителските објекти после 24 часот и точење алкохол на малолетни лица, информират од СВР Охрид.
Во акцијата беа опфатени вкупно 31 објект односно кафе барови и ноќни клубови во Охрид при што беше евидентирано присуство на малолетни лица подоцна од 24 часот како и еден случај односно прекршок на точење алкохол на малолетно лице. Инспекциските служби во угостителските објекти констатираа и повеќе други прекршоци. Во неколку угостителски објекти, регистрирани се прекршоци односно непочитување на одредбите на Законот за јавна чистота, соопшти СВР Охрид.
Ваква акциска контрола, беше спроведена и во 16 угостителски објекти во Струга. Пет објекти, немале документација за материјално-техничко работење. Во акцијата, во угостителски објект, затекнати се четири малолетни лица по 24 часот кои се повикани во Полициска станица.
По изготвените записници од инспекциските служби и полициските службеници, против правните лица, каде се констатирани неправилности, ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави, се вели во информацијата на СВР Охрид.