Мерките СВР Охрид ги презел во коодинација со Пазарната и другите инспекциски служби во локалната самоуправа а биле насочени пред се кон присуство на малолетни лица во угостителските објекти односно просториите за забава после 24 часот и точење алкохол на малолетни лица.
Притоа, во четири угостителските објекти било евидентирано присуство на малолетни лица подоцна од 24 часот. Во овие објекти, биле евидентирани вкупно 12 малолетни лица по 24 часот. Во неколку угостителски објекти, констатирани биле прекршоци односно непочитување на одредбите на Законот за јавна чистота.
По изготвените записници од инспекциските служби и полициските службеници, против овие правни лица, ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави, соопшти СВР Охрид.