Во периодот од јануари до септември  оваа година се расветлени вкупно   10.887 кривични дела, од кои  1.690 се извршени од малолетници, со што учеството на малолетниците во вкупно расветлените дела изнесува 15,5%. Од тоа на територијата на општина Охрид регистрирани биле вкупно 28 кривични дела кои биле извршени од малолетници.

Од вкупниот број извршени кривични дела од малолетници – 98,8% отпаѓаат на кривични дела од областа на класичниот криминал. Од нив, најголемиот дел, односно 89,4% се од областа на имотните деликти, додека во другите области нивното учество е минимално.

Најчести прекршоци кои ги вршеле малолетниците се „учество, предизвикување или поттикнување тепачка„ и „физички напад„, додека останатите прекршоци се застапени во многу помал број, информираше МВР.

Ohridnews