Синоќа во 20 часот, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, мопед „Лонгија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Охрид, удрил во жена пешак Б.Ѓ.(68) од Охрид.

Таа била пренесена во Општата болница Охрид, каде им подлегнала на повредите, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Синоќешната е трета сообраќајна незгода, а втора со смртни последици во Охрид за кратко време. На 16 август згасна живот на 27-годишен битолчанец при судар на три возила на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан. Истиот ден во цнтарот на Охрид возрасен скопјанец беше прегазен на пешачки премин, при што се здобил со тешки телесни повреди.

OhridNews