Вчера во ОВР Струга, 42-годишен жител на струшко село пријавил обид за обљуба од страна на малолетник врз негова 27-годишна внука.
Во полициската станица Струга, во присуство на родител, со малолетникот бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, инфотмира СВР Охрид.
Исто така вчера, попладнето во 16 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од полициската станица Струга, врз основа на судска наредба, го привеле 28-годишен жител на селото Делогожда, струшко, за издржување казна затвор за сторено кривично дело „кражба“. Тој е спроведен во казнено-поправната установа „Затвор Струга“ за издржување на казната, соопшти СВР Охрид.
OhridNews