По преземени  оперативни мерки, СВР Охрид расветли случај на изнуда во Охрид.
 
Настанот се случил на 15.07.2008 околу 23 часот и 30 минути на Кеј ,,Маршал Тито“, кога лицето Р. И . роден 1993 година во Охрид   пресретнал две малолетни лица, едниот на  13 годишна возраст од  Кичево а вториот 14-годишен  од Скопје и од нив побарал да му ги дадат сите пари што ги имаат.
 
Притоа, тој им се заканал дека ке ги фрли во езеро ако тоа не го направат по што добил 140 денари кои пресретнатите лица ги имале кај  себе.

СВР Охрид презема мерки за целосно документирање на овој случај по што ке следи соодветна пријава.

извор: СВР Охрид