Воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам од страна на малолетни сторители и ќе придонесе кон нивна ресоцијализација е целта на Иницијативата која беше предложена од Општина Центар, а едногласно усвоена од ЗЕЛС.
Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, а дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.
За спроведување на иницијативата ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации.
OhridNews