На 08.02.2025 во 00.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид спроведоа акциски контроли во повеќе угостителски објекти во Охрид за откривање малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време.

Притоа, во неколку објекти евидентирано е присуство на малолетни лица по 24 часот, поради што на правното и одговорното лице во објектите ќе им бидат поднесени соодветни пријави, посочуваат од СВР Охрид.

OhridNews