Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

  • Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 29.03. до 07 часот на 30.03.2020 година, 20 лица од кои 2 деца до 18 години, не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус. Од нив девет се од Струга, осум од Кичево и едно лице од Дебар. Малолетните лица се повикани и предупредени, а останатите се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава. Меѓу приведените во Струга, две лица се албански државјани и еден жител на Струга, извршител на тешка кражба, потенцира Димоски.

Од СВР Охрид додаваат дека во изминатото деноноќие, нема регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби и други казнени дела и не се регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Не се регистрирани нови лица со решение за изолација и извршени се 80 контроли на евидентираните лица со решение за изолација од кои 38 се од Охрид, осум од Струга.

Истовремено, евидентирани се 51 нови лица во самоизолација (сите од Струга) и спроведени се 373 контроли врз лицата во самоизолација од кои 119 во Охрид-119, а 72 во Струга. Полициските службеници извршија 58 контроли на угостителски објекти.

OhridNews