Во Полициската станица Струга вчера во 18:30 часот било пријавено дека на локалниот пат во село Октиси, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од 20 годишно лице од Октиси и малолетничка од Октиси.

По несреќата мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Охрид. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

OhridNews