Странските медиуми наведуваат дека ќерката на покојниот крал на поп музиката, Мајкл Џексон, е бремена. Иако нема официјални потврди, изворите кои ја виделе на вечера во еден холивудски ресторан тврдат дека наздравувала со чаша вода и дека одбила вино.
Веднаш започнале гласини дека е бремена, бидејќи се знае дека Парис го сака алкохолот.
Парис е во врска со непознато момче, а избегнува појавување во јавност и медиуми, откако се обидела да изврши самоубиство во 2013 година.