Охридскиот Народен Театар, во петок ќе ја изведе претставата “Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски.

Претставата, која се игра пред ограничен број публика, почнува во 20 часот, а цената на билетот е 250 денари.

Улогите ги толкуваат: Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – нејзиниот маж и Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот.

Музиката е на Горан Трајковски, клавир  – Емилија Маринова, труба и хармоника Ѓоко Алоски и клариенти Ацо Тасески и Даниел Танески.

OhridNews