Љубителите на театарот, вечерва во Центарот за култура, ќе имаат можност да ја проследат извонредната претстава на Охридскиот народен театар “Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски.
Во претставата играат:Петар Мирчевски, Горан Стојановски, Јасмина Билаловиќ, Јулијана Стефанова, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски.
Претставата се игра пред ограничен број публика од 24 лица, кои заедно со актерите седат на свадбената трпеза.
Почетокот е во 20 часот, а билети по цена од 250 денари можат да се набават на билетарата на Центарот за култура.
Претставата е за публика постара од 14 години.