На денешен ден пред 3 години започна со работа “Шила“ – градско место во срцето на чаршијата коe се повеќе се издвојува со својата уникатна приказна. По тој повод 50% од прометот остварен во текот на денешниот ден ќе биде дониран во хуманитарни цели.

“Оваа година се одлучивме да го одбележиме роденденот на ’Шила’ не традиционално како изминативе две години со посебна забава или попуст за редовните гости, туку во согласност со можностите заедно со сите наши пријатели и посетители да подадеме рака на сограѓаните на кои секоја помош им е добредојдена“ – вели менаџерскиот тим на „Шила“. Па така, денеска пиејки го своето кафе или смути во „Шила“ секој има можност да биде хуман.

Продолжува и успешната соработка помеѓу „Шила“ и охридскиот Црвен Крст, кои во минатото заедно реализираа бројни акции и хуманитарни настани. Имено, волонтерите на Црвен Крст – Охрид, денеска, ќе постават хуманитарен пункт каде дополнително ќе може да се донираат средства.

“Започнавме со визија да создадеме градско катче препознатливо по опуштената и неформална атмосфера: добра музика, одлично кафе и урбан народ. После скромни 3 години постоење веруваме дека сме на добар пат.“ – велат одговорните во „Шила“.

“1000 и кусур денови испорака на среќа и враќање на чаршискиот сјај“, е мотото под кое овој уникатен локал сместен во срцето на градот ќе го одбележи третиот роденден.

OhridNews