Родителите на малата Кејти Ли биле многу изненадени кога по раѓањето ја здогледале својата ќерка-родена е со за новороденче невообичаена долга црвена коса поради што уште во болницата станала вистинска ѕвезда.

„Луѓето не застануваат на улица и не прашуваат дали е тоа перика“ велат изненадените родители. Таа сега има десет недели а нејзината коса и натаму неверојатно брзо расте и сега е долга седум сантиметри.

Повеќето луѓе кога ќе видат мало дете велат колку е слатко,а нас не застануваат и се чудат  на нејзината коса. Некои не прашуваат дали сме и ставиле перика“ вели нејзината мајка Стефани.

Веќе во болницата родителите сфатиле дека се работи за посебно дете. Црвенокоса е на татко и Дени кој посебно се гордее со моментално најпопуларното британско новороденче.

Лекарите велат дека ваквите случаи се исклучително ретки и истакнуваат дека поради тоа девојчето нема да има никакви проблеми. Имено растот на косата ќе и се нормализира со возраста па  моментално Кејти Ли со полно право ги ужива своите пет минути слава.

Ј.М.