Пред одржувањето на Изборното собрание, закажано за средината на овој месец, Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ, ги потсетува своите членови кои го немаат ажурирано своето членство дека тоа можат да го сторат најдоцна до 05 декември 2018 година. Истото важи и за новинарите кои сакаат да се кандидираат за една од позициите во раководните тела на ЗНМ: Претседател на Здружението, Управен одбор, Надзорен одбор и Совет на честа.

Кандидатурите за Претседател на ЗНМ, за членовите на Управен одбор, Надзорен одбор и за Советот на честа треба да бидат доставени во писмена форма најдоцна до 12 декември (среда) 2018 година во канцеларијата на ЗНМ, испратени на следнава адреса: Здружение на новинарите на Македонија, ул. Градски Ѕид Блок 13, 1000 Скопје или да се испратат електронски на е-маил адресата на ЗНМ – [email protected].

За Претседател на ЗНМ може да се кандидира секој редовен член на ЗНМ кој има поддршка од најмалку 10 (десет) редовни членови и има осумгодишно работно искуство. За да се кандидирате треба да доставите изјава со ваши податоци, која ќе содржи и име, презиме и потпис од десет редовни членоци на Здружението.

За членови на Управен одбор, Надзорен одбор може да се кандидира секој редовен член кој има поддршка од 5 (пет) членови на ЗНМ. За кандидирање за една од овие позиции исто така треба да се достави изјава со ваши податоци и позицијата за која конкурирате, а кандидатурата треба да биде подржана од 5 редовни членови на ЗНМ.

За членови на Советот на честа кандидирањето е можно по принцип на: самокандидирање со поддршка од 5 редовни члена и кандидирање по предлог од најмалку 3 редовни члена. Кандидатурата исто така се врши преку поднесување на изјава.

Сите кандидати и новинари кои сакаат да го остварат правото на глас треба да ги имаат подмиренo своите обврски кон ЗНМ.

OhridNews