Поради врнежите од снег вечерва беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Буково, која, како што соопшти АМСМ е укината во 22:30 часот. Воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар од 20:30ч.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. 

OhridNews