На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид – ФТУ, деновиве заврши првиот уписен рок за академската 2020/21. Според информациите  од високообразовната установа, на осумте смерови во државна квота има само уште 49 слободни. Повеќе слободни места има во квотата со самофинансирање и за вонредни студенти.

На насоката Туризам во државна квота има 5 слободни места, со самофинансирање 24, а за вонредно студирање 20. На Осигурување има 17 слободни места во државна квота, 19 со самофинансирање и 8 за вонредни студенти, додека на Царина и шпедиција нема слободни места во државна квота, во квотата за самофинансирање има 18, а за вонредно студирање 6 слободни места. На насоката Менаџмент во услужен сектор исто така нема слободни места во државна квота, со самофинансирање има 14 слободни места и 7 за вонредни студенти. И на насоката Гастрономија нема слободни места во државна квота, со самофинансирање има слободни 4 места и 3 места за вонредни студенти. На Хотелско – ресторанската насока во државна квота има 11 слободни места и уште по 8 со самофинансирање, односно за вонредни студенти. На насоките Туризам и Царина на англиски јазик има по 8 слободни места во државна квота и по 4 со самофинансирање и вонредно студирање. – информира ФТУ Охрид.

Вториот уписен рок на Факултетот за туризам и угостителство Охрид е на 14 и 15 септември.

Г.М.