Политички и спортски фер плеј покажаа кандидатите за градоначалник на Општина Дебрца од редовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Игор Крцоски и Саше Силјаноски.
Крцоски (СДСМ) и Силјаноски (ВМРО ДПМНЕ), заедно со нивни сопартијци, беа дел од пријателски фудбалски натпревар , во кој, за разлика од претстојните локални избори, резултатот беше во втор план.
Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври, а кампањата во Општина Дебрца засега тече без проблеми.
OhridNews