Иако со години надлежните најавуваат дека ќе се промени грдата слика која во лето се создава на меѓуградската автобуската станица, и оваа година иста песна. Станоиздавачите стрпливо го чекаат доаѓањето на секој автобус по што започнува вистинска “војна“ за гости. Поради слабиот старт на сезоната и помалиот број гости, чекачите се уште понервозни и поагресивни, поради што влезот на автобуската станица го чува обезбедување кое не дозволува во кругот на станицата да се создава метеж. Но затоа надвор е вистинска бркотница за гости.


Малку гости многу чекачи

Ohridnews