Истражување на канадски научници од Универзитетот Мек Мастер ја поврзуваат малата до умерена консумација на алкохол со 13% помал ризик за срцев удар.
Алкохол во умерени количини добар е за здравјето на срцето, потврдило истражување за старото – чаша вино дневно која се пие “за здравје“. Се разбира, веќе и најмала наеумереност го прави токму спротивното, предизвикувајќи штета не само на срцето туку и на остатокот од организмот.
Резултатите објавени во научното списание Circulation се базираат на податоци собрани во 52 земји од 27 500 испитаници.
Научниците додаваат дека не било можно да се издвои тип на алкохолен пијалок со најизразен позитивен ефект врз здравјето на срцето.
Покрај тоа, утврдено е дека претераната консумација на алкохол резултира со 40% зголемен ризик за срцев удар, особено кај луѓето постари од 65 години.
На жените им се препорачува дневна консумација до една доза алкохол, а на мажите најмногу до две дози некој алкохолен пијалок дневно.
извор:metro-portal.hr