Традиоционалниот Илинденски пливачки маратон, денеска ќе се одржи во водите на Охридското Езеро. Илинденскиот Куп кој годинава ќе го има своето 32 издание ќе се плива на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км.


На маратонот ќе учествуваат педесетина пливачи поделени во две старосни групи. Старт на првата група е во 10:00 часот (пливачи родени 1995 година и не постари од 35 години) додека стартот на втората група во 11:00 часот (помлади од 16 години, односно родени 1996 и помлади, но не помлади од 10 години).


Стартот ќе биде од пред пристаништето на поранешниот х. Парк во Горица, а целта на Градското пристаниште во Охрид.


На минатогодишниот 31 пливачки маратон победи Марко Блажески, додека во женска конкуренција најбрза беше Симона Маринова.


М.П.