Последниве години се разгоре ривалството помеѓу Вардар и Шкендија без разлика каде, во кое натпреварување или генерација се игра. Така беше и во финалето во Купот на Македонија за фудбалери родени 2004 година кое се одигра во Охрид.

Трофејот после изведувањето на пеналите замина во рацете на вардаровите фудбалери, но гестот на тетовачни прво да останат на теренот и со аплаузи да го поздрават победникот при доделувањето на медалите ги разнежни сите присутни на Градскиот стадион „Билјанини Извори“. Најмалата генерација од Шкендија која разигруваше во Купот упати голем пример за сите, дека фудбалот и игра и на крај треба да се подаде рака и да се честита. 

OhridNews